Понуда од 5,5 милиони евра за рестартирање на „Сведмилк“

Bez autora
Mar 22 2012

ЗИK „Пелагонија“ во конзорциум со дистрибутерската куќа „Еуротабак“ вчера официјално до Тутунска банка, како најголем доверител по основ на кредити во пропаднатата млекарница „Сведмилк“, доставија понуда со вредност од 5,5 милиони евра за нејзин откуп. Kомбинатот има сопствено дневно производство од 23 тони млеко, меѓутоа, според плановите, преостанатите потребни количества ќе се откупуваат од производителите на млеко како во Битолско, така и во Скопско. Притоа производителите на млеко ќе добиваат помош во обезбедување добиточна храна и концентрат потребни за исхрана на добитокот, а исто така и стручните луѓе од комбинатот ќе даваат совети како да се зголеми продуктивноста за да се достигнат нормите кои се присутни во Европската унија.

Понуда од 5,5 милиони евра за рестартирање на „Сведмилк“ЗИK „Пелагонија“ во конзорциум со дистрибутерската куќа „Еуротабак“ вчера официјално до Тутунска банка, како најголем доверител по основ на кредити во пропаднатата млекарница „Сведмилк“, доставија понуда со вредност од 5,5 милиони евра за нејзин откуп.

Kомбинатот има сопствено дневно производство од 23 тони млеко, меѓутоа, според плановите, преостанатите потребни количества ќе се откупуваат од производителите на млеко како во Битолско, така и во Скопско. Притоа производителите на млеко ќе добиваат помош во обезбедување добиточна храна и концентрат потребни за исхрана на добитокот, а исто така и стручните луѓе од комбинатот ќе даваат совети како да се зголеми продуктивноста за да се достигнат нормите кои се присутни во Европската унија.

Според Цветан Панделевски од одборот на директори на ЗИK „Пелагонија“, комбинатот е најголем производител на сточна храна и на концентрат во земјава, има и сопствено производство на млеко и за заокружување на целиот процес потребен е и капацитет за преработка на истото за што „Сведмилк“ е идеален бидејќи има современи машини. Тој додава дека со рестартирање на капацитетот и со планираните активности од страна на комбинатот многу ќе се придонесе за развој на фармерството во Македонија. На кооперантите се планира да им се понудат поволни откупни цени и друг вид помош бидејќи сопственото производство на комбинатот секако дека не е доволно за големиот капацитет што го има „Сведмилк“.

Освен ЗИK „Палагонија“, во понудата е вклучен и „Еуротабак“, кој е еден од најголемите дистрибутери во земјава, со 8.000 малопродажни објекти и со 18 регионални дистрибутивни центри, со магацински простор од 5.000 квадрати.

За пропаднатата млекарница „Сведмилк“ само еднаш, летоска, имаше неуспешна лицитација. Деновиве се појавија информации дека за млекарницата била заинтересирана турската фирма „Суташ“, која наводно е подготвена да плати 4,4 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik